Моника Левински го „поткачи“ Клинтон: „Не би издржал ни еден час“

Точка

27/04/2024

18:29

6.135

Големина на фонт

а а а

Моника Левински, една од најисмејуваните жени на модерното доба, се огласи на социјалната мрежа „Х“ и предизвика лавина од коментари бидејќи цитатот кој го напишала, според многумина, се однесува на Бил Клинтон.

Имено, и Левински му се приклучи на трендот кој го отпочна новата песна на Тејлор Свифт, а станува збор за нумерата „Who’s Afraid of Little Old Me?“.


Со оглед на тоа што фановите отпочнаа тренд откако песната беше објавена, кој подразбира да споделат фотографии од места или нешта кои ги обликувале во она што се денес, тоа го направи и Моника.

Еден дел од песната на Тејлор вели „Не би издржал ни еден час во лудницата во која ме одгледаа“, а Левински одлучила со оваа реченица да ја опише Белата куќа.

Објавата стана вирална, а во прилог на тоа говори фактот дека истата имала повеќе од 11 милиони прегледи за помалку од 24 часа.

Некои од коментарите на споменатата објава гласат: „Ти победуваш во овој тренд“, „Да беше твитањето олимписки спорт, Моника ќе освоеше златен медал со оваа објава“.



Спонзорирани линкови

Маркетинг