Откако љубовницата се породила – тоа било крајот: Кралот на „Евровизија“, Џони Логан, во брак е 48 години, но сè уште се памети неговиот бурен живот

Точка

09/05/2024

18:06

4.754

Големина на фонт

а а а

Минатата година медиумите биле заинтригирани за тајната на среќниот брак на познатиот пејач, иако „среќен брак“ не е првото нешто кое ви паѓа на ум кога ќе ја изгребете површината.

Во вторник, на 7 мај, во Малме беше отворен 68-от „Избор за песна на Евровизија“, со првото полуфинале.

Вистинското изненадување се случи во ревијалниот дел на програмата, кога на сцената излезе најуспешниот изведувач во историјата на „Евровизија“ и познатиот ирски пејач Џони Логан, кој победил во 1980 и 1987 година со песните „What’s Another Year“ и „Hold Me Now“, а потоа и како автор во 1992 година, кога Линда Мартин победила благодарение на композицијата на Логан „Why Me“.


Џони Логан на овогодишната „Евровизија“ ја изведе песната „Euphoria“, која на Лорин ѝ ја донесе првата победа на овој натпревар во 2012 година, а доби и овации од публиката. Тоа беше одлична увертира за неговата роденденска прослава, бидејќи пејачот на 13 мај го слави својот 70-ти роденден.

Логан е еден од оние музичари кои не се експонираат претерано, па многу ретко дава интервјуа, а тврди дека од таа причина неретко е погрешно цитиран. Тој живее мирен семеен живот со неговата сопруга Алис Шерард, која работи како учителка, а се населиле во ирскиот град Ешборн, северно од Даблин.

Парот заедно има три деца – Адам, Џек и Фиона, а пејачот ја има и ќерката Робин, која ја добил со турската актерка и танчарка Бурџин Орхон.


Логан со Алис е во брак 48 години, а неодамна го прашале која е тајната на толку долг и среќен брак.

„Можеби фактот што често сум отсутен поради работата, па таа може малку да одмори од мене“, се пошегувала евровизиската ѕвезда за „RSVP“.

„Исто така, треба да има многу приврзаност и доверба, како и ужасно многу љубов.

Сепак, не е сè така идеално како што звучи – ќерката која Логан ја има со турската танчарка е родена во 1988 година, односно додека тој сè уште бил во брак.

Вонбрачната ќерка на Џони Логан

Како што објавиле медиумите, танчарката Бурџин Бамби Орхон тврдела дека Логан е татко на нејзината ќерка, која е родена во 1988 година, по што британскиот „Sunday Mirror“ пишувал дека Турчинката всушност во документацијата го навела неговиот брат Мајкл како татко на своето дете.


„Не разбирам зошто тоа се случи. Јас сум толку шокирана. Само сакав мојата ќерка да ја признае нејзиниот вистински татко“, истакнала подоцна Бурџин.

Конфузијата најверојатно настанала затоа што Мајкл е дел од целосното име на Џони Логан, кое всушност гласи Шон Патрик Мајкл Шерард.

Како и да е, по оваа забуна било објавено дека Џони Логан е татко на нејзината ќерка, која е зачната во 1987 година, а се родила во Манчестер следната година.

По тврдењата на Бурџин Орхон, поранешна Плејбој зајачица, таа го запознала пејачот во Истанбул во 1982 година и потоа започнале афера, а се разделиле по раѓањето на нивната ќерка.


Џони беше 8 години постар од мене, а тоа беше љубов на прв поглед“, изјавила Бурџин во едно интервју. „Не знаев дека тој има семејство сè додека нашата врска не се разви, а од тој момент не можевме да ја прекинеме бидејќи се заљубивме.

Логан во тоа време три месеци живеел во Истанбул а Орхон зборувала дека нивната љубов не престанала ниту по неговото враќање на Островот.

„Двајцата бевме тажни бидејќи се разделивме, но се навикнавме. Редовно разговаравме по телефон, јас одев во Лондон за да бидам со него, а потоа тој доаѓаше кај мене. Секако дека неговата сопруга знаеше за мене, но јас никогаш не ја дознав целата приказна за нивниот заеднички живот“, истакнала таа. „Ми велеше дека повеќе не живее со неа. Но не сум сигурна дали некогаш се разделија.“


Истакнала дека непланирано забременила и дека „Џони не ѝ верувал“, како и дека „мислел како сакала да го измами за да остане со неа“.

„После тоа работите меѓу нас се променија. Не ми веруваше бидејќи мислеше дека „трчам“ по неговите пари. Тоа беше нашиот крај. Сè се промени. Не ни знаев колку е богат. Едноставно го сакав“, изјавила Бурџин.

Иако не присуствувал на раѓањето на родената ќерка, Логан наводно изнајмил куќа во Манчестер за својата љубовница, а Бурџин зборувала дека ѝ се јавил на телефон и дека бил среќен.


По некое време Бурџин со ќерката се вратила во Турција. Од 1995 година е во брак со актерот Сухејл Ујгур, со кој добила уште две ќерки и кој одлично ја прифатил ќерката која таа ја има со пејачот.

„Многу е среќна покрај мојот сопруг. Таа знае кој е нејзиниот вистински татко, но не зборува за него“, истакнала Бурџин, а потоа објаснила дека не сака ништо од Логан освен тој да биде во контакт со нивното дете.

Откако Бурџин зборувала отворено за нејзиниот однос со Логан, неговиот медиумски претставник накратко прокоментирал дека тоа е „стара приказна“.


Логан никогаш јавно не зборувал за својата афера и вонбрачната ќерка, а ниту денес не е познато во какви односи се и дали имаат контакт. Пред неколку години тој во јавноста се појавил со Тања Сурман за која медиумите пишувале дека е негова девојка, но за приватниот живот на овој пејач и понатаму не се знае многу.




Спонзорирани линкови

Маркетинг