Новиот филм на Бред Пит прогласен за еден од најскапите на сите времиња: Во ова остварување е вложена неверојатна сума на пари

Точка

20/05/2024

14:19

4.842

Големина на фонт

а а а

Новиот филм на Бред Пит официјално е прогласен за еден од најскапите на сите времиња, бидејќи буџетот на ова остварување надмина неверојатна сума од 300 милиони долари.

Пит глуми пензиониран возач на Формула 1 кој започнува да тренира „перспективно момче“ кое го игра Демсон Идрис. Во актерската екипа се и Кери Кондон, Хавиер Бардем и Тобијас Мензис. Познатиот Луис Хамилтон се потпишува како копродуцент.


Финансиски проблеми

Снимањето започна во јули минатата година на британското Гран При, а проектот моментално се соочува со финансиски потешкотии и му е потребен значителен успех на киноблагајните за да се пробие. Првично и се очекувало буџетот да биде висок, но реалните трошоци се зголемиле бидејќи се користеле вистински тркачки автомобили и биле почитувани строги безбедносни прописи.

Славниот актер снимал во модифицирана верзија на Формула 2 која навистина визуелно наликува на Формула 1 болид. Овој тркачки автомобил бил конструиран од „Mercedes“.


За да ги покрие непланираните трошоци, филмот треба да заработи повеќе од 750 милиони долари на киноблагајните ширум светот, што е многу тешко дури и за блокбастер полн со ѕвезди.

Филмот е сè уште во претпродукција, така што не е познат конкретниот датум на објавување. Се очекува да биде готов пред крајот на 2024 година или на почетокот на 2025 година. Насловот на ова остварување сè уште не е формално одреден, но работниот наслов гласи „Apex“. Се снима за „Apple TV“ и ќе биде прикажан на стриминг сервисот.



Спонзорирани линкови

Маркетинг