Метју Меконахи одбил улога со која би заработил 14,5 милиони долари, а еве за што станува збор

Точка

10/05/2024

14:45

2.270

Големина на фонт

а а а

Метју Меконахи одбил филмска понуда од неверојатни 14,5 милиони долари. Актерот во последно време толкува сериозни улоги, како оние во филмот Волкот од Волстрит и серијата „True Detective“.

Но, постарата публика го памети и по појавувањето во романтични комедии како што се „Failure to Launch“, „Fool's Gold“, „Ghost of Girlfriends Past“, „How to Lose A Guy in 10 Days“ и „The Wedding Planner“.

Снимаше романтични комедии до 2010 година, но потоа сфати дека мора да го напушти тој жанр.


„Јас лично уживав што можам да им овозможам на луѓето лесно романтично бегство од стресот и да влезат во свет каде што не треба да размислуваат за ништо, само да гледаат како паровите се заљубуваат.“

Но, во еден момент му се јавил на својот агент и му рекол дека повеќе нема да прифаќа такви улоги, а останал на зборот дури и кога му биле понудени небесно високи суми.


„Во 2010 година паузирав шест месеци, а потоа ми понудија осум милиони долари за улога во романтична комедија. Кога ја одбив, понудата беше зголемена на десет милиони долари, потоа на 12,5 милиони и на крајот на 14,5 милиони“, се присетува тој.

Меконахи не сакал да открие за кој филм станува збор, но признал дека на крајот филмот не е ни снимен.

„Сфатив дека правењето романтични комедии ме спречува да ги добијам улогите што ги посакував“, вели тој.


Од 2010 година, Меконахи глуми во филмови како што се авантуристичкиот трилер „Mud“ од 2012 година, биографската драма „Dallas Buyers Club“ од 2013 година и „Interstellar“ од 2014 година, но и во поопуштени филмови, како што е анимираниот „Sing 2“ од 2021 година.




Спонзорирани линкови

Маркетинг