Осамнала фотографија од претставникот на Холандија кој ја бојкотира израелската претставничка: Додека таа зборувала, тој ја прекрил главата и се преправал дека спие

Точка

10/05/2024

12:34

2.066

Големина на фонт

а а а

Џуст Клајн, претставникот на Холандија на Евровизија, на прес-конференцијата по второто полуфинале што се одржа синоќа, ја покри главата со знамето на својата земја при претставувањето на Иден Голан, претставничката на Израел.

Многумина ова го протолкуваа како негов знак на протест против учеството на Израел на Евровизија и покрај бројните протести и барања од публиката и јавноста Израел да биде дисквалификувана.

Оваа фотографија набрзо стана вирална на социјалните мрежи, и додека некои го коментираа негативно, други сметаат дека неговата одлука е правилна и дека има право на свој начин да бојкотира.


Израел заедно со преостанатите девет земји се пласираше во финалето и по настапот на својата претставничка Иден Голан скокна како молња на обложувалниците и сега е на второто место, веднаш под Бејби Лазања, кој годинава ја претставува Хрватска.


Покрај Израел, во финалето на Евровизија 2024 се пласираа и следните земји: Летонија, Австрија, Холандија, Норвешка, Израел, Грција, Естонија, Швајцарија, Грузија и Ерменија. Ним ќе им се придружат и земјите кои се изборија за место во вторникот, на првата полуфинална вечер, меѓу кои се и Хрватска, Србија, Словенија, Португалија, Украина, Литванија, Финска, Кипар, Ирска и Луксембург.


Финалната вечер на Евровизија ќе се одржи утре во шведскиот град Малме




Спонзорирани линкови

Маркетинг