[ВИДЕО] Првиот премиер Албанец на Македонија: Со мирна совест можам да кажам дека тоа што го најавив пред сто дена, го спроведов

Макфакс

10/05/2024

11:34

2.591

Големина на фонт

а а а

Претседателот на Владата, Талат Џафери на денешната прес-конференција кажа дека се обврзал пред граѓаните дека ќе овозможи слободно изразување на граѓанската волја на двојните избори и тоа заедно со Владата го исполниле.

„Спроведовме европски избори во слободнии, фер процеси и во двата изборни круга. Избори кои ќе се спомнуваат како може да се сработи во интерес на граѓаникте и државата. Придонесовме во европското поведение на земјата која се стреми да биде членка на ЕУ. Изразувам благодарност до институциите и граѓаните, беа на висина на одговорноста и придонесоа кон нашите искрени заложби, државата да напредува според европските вредносто. Вака на дело се работи за големата европска идеја. Очекувам овој процес да го следи и следниот владин состав, затоа што иднината на Северна Македонија, мирот, спокојогт и перспективите на граѓаните се директно поврзани со напредок во евроинтеграциите и реализацијата на полноправното членство до 2030. Шансата е пред државата и пред новата влада, исто така и одговорноста“, рече Џафери.

„Со чист образ, мирна совет и должна почит кон граѓаните можам да оценам дека тоа што најавив кога стапив на должност, пред 100 дена, го спроведов. Потврдив дека моето именување за премиер како прв премиер Албанец на Северна Македонија е уште еден придонес за демократијата“, додаде Џафери.

Џафери не кажа дали е подготвен да оди во опозиција: Тоа е прашање кое зависи од исходот на преговорите за состав на нова влада

По отчетот за 100 – те дена техничка влада, техничкиот премиер Талат Џафери вели дека е фокусиран на обврските од сегашната влада чиј мандат се уште трае. На новинарско прашање дали е подготвен да оди во опозиција со оглед на неколкуте изјави на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, дека нема да преговара за коалиција со Демократската унија за интеграција, Џафери не даде конкретен одговор.

„Јас сум премиер и размислувам за мандатот што треба да го завршам. Тоа се прашања на органите на партијата и во тој контекст да завршат преговорите, другото е прашање на исходот од преговорите за состав на нова влада“, рече техничкиот премиер Џафери.


Немаше конкретен одговор ниту на прашањето дали граѓаните треба да очекуваат тој да добие уште еден мандат како премиер оти неговата матична партија е дел од коалицијата која освои 19 пратенички мандати.

„Јас сум фокусиран на обврските на составот на Владата што ја водам, впрочем мандатот на оваа Влада е до избор на нова. Работата на конфигурацијата на новата влада е работа на преговори на политичките субјекти кои што добиле мандати во Собранието по изборите одржани на 8 мај. По тоа прашање треба да се очекува резултат од таму“, рече Џафери.

На парламентарните избори во средата коалицијата „Европски фронт“ на ДУИ освои 19 мандати, а нивниот опонент во албанскиот блок, коалицијата ВЛЕН доби 13 мандати.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ кои освоија 58 мандати во Собранието, по изборите кажа дека преговара со ВЛЕН за состав на новата Влада



Спонзорирани линкови

Маркетинг