Диететичарка советува: Оваа намирница треба да ја јадеме барем еднаш дневно, одлична е во одржување на здравјето на срцето

Точка

10/05/2024

12:18

8.045

Големина на фонт

а а а

Избалансираната исхрана и здравиот начин на живот можат да бидат важни во подобрување на здравјето на срцето.

Вклучувањето на здравите масти, како незаситените е нешто што долгорочно може да помогне во намалување на ризикот од развој на срцеви болести. Диететичарката Алиса Смолен како најдобар извор на здрави масти го издвојува авокадото.

„Додавањето на авокадото во прехраната е едноставен и лесен начин за подобрување на здравјето на срцето“, истакнува таа.

Добар извор на здрави масти

Авокадото содржи заситени и незаситени масти, но 75 отсто од неговите масти се незаситени, што го прави одличен избор за здравјето на срцето, пренесува „Eating Well“. Незаситените масти се едни од најздравите видови масти за здравјето на срцето.


„Некои истражувања сугерираат дека незаситените масти во авокадото, особено олеинската киселина може да биде корисна кога се обидувате да ја подобрите ендотелната дисфункција или способноста на крвните садови да ја пренесуваат крвта во телото“, тврди диететичарката.

Незаситените масти во авокадото даваат кремаста текстура и пријатен вкус во устата. Овие здрави масти исто така наголемо се одговорни за тоа што авокадото е толку хранлива намирница.

Помага во намалување на нивото на холестерол

Незаситените масти во комбинација со растителните влакна можат да помогнат во подобрување на добриот холестерол додека пак помагаат во намалување на количината на лошиот холестерол.

„Авокадото е познато по растителните влакна кои го намалуваат зголеменото ниво на HDL, односно доброто ниво на холестерол“, објаснува таа.


Може да помогне во намалување на воспаленијата и триглицеридите

Здравите масти во внатрешноста на авокадото исто така можат да помогнат во намалување на воспаленијата благодарение на противвоспалителните масти и омега три масните киселини.

Омега три масните киселини се вид полинезаситени масни киселини кои можат да помогнат во намалување на воспаленијата и да го подобрат високото ниво на триглицериди.

Изборот на здравите намирници како авокадо кои содржат здрави масти, потоа овошјето, зеленчукот и целите житарки, можат да помогнат во намалување на воспаленијата и ризикот од срцеви болести.




Спонзорирани линкови

Маркетинг