[ФОТО] Со еден детаљ го засенила фустанот шиен 450 часа и со 250.000 кристали: Чантата која ја носела пејачката ќе се памети долго

Точка

09/05/2024

09:39

7.062

Големина на фонт

а а а

Наместо класична чанта, популарната пејачка се појавила носејќи во рацете како аксесоар уметничко дело кое е одличен одговор на овогодишната тема на Мет гала.

Во Њујорк во понеделникот, како и секој прв понеделник во мај, традиционално била одржана Мет галата, вечер во организација на магазинот „Vogue“.

На црвениот тепих можевме да видиме многу интересни модни изданија кои помалку или повеќе одговориле на зададената тема, а едно од највпечатливите модни парчиња ги носела кубанско-американската пејачка Камила Кабељо.


Пејачката која изминативе години се прослави со хитовите „Havana“ и „Senorita“ пристигнала во металик фустан. Станувало збор за креација тешка над шест килограми, во чија изработка биле потрошени 45 часа и дури 250.000 Сваровски кристали.

За Камила бил направен фустан со В-изрез којшто го следи предниот дел, ја обликува фигурата и има ефектен шлиц којшто ги истакнува нозете.


Без сомнеж божествен, овој фустан сепак останал во сенка на аксесоарот којшто го носела пејачката во раката. 

Едно од авангардните парчиња кои ги видовме на овогодишната гала секако е аксесоарот на пејачката, парче мраз во кое била заробена бакарна роза. Станува збор за совршен одговор на темата затоа што на поканите за забавата имало превртена роза, а овој детаљ е дело на брендот „Jane Wade“.

Во текот на вечерта, мразот се стопил, а како што пишува „Vogue“, пејачката дома си заминала носејќи роза во рацете.


Ви се допаѓа ли оваа модна комбинација?




Спонзорирани линкови

Маркетинг