3 работи кои покажуваат дека сте во врска со латентен нарцис: Ги издава едно специфично однесување на кое многумина не обрнуваат внимание

Точка

28/04/2024

14:42

6.328

Големина на фонт

а а а

Постојат неколку видови на нарцизам, но скриениот облик, инаку познат како „ранлив нарцизам“, тешко може да се воочи.

„Прикриените нарциси и понатаму изразуваат многу од белезите на нарцизмот, како што се самобитноста, претерувањето и експлоатацијата“, вели Бет Рибарски, д-р, професорка и директорка на „Факултетот за комуникации и медиуми“ на „Универзитетот во Илиноис“ во Спрингфилд. „Меѓутоа, тие се многу посуптилни, што им олеснува да се извлечат од лошото однесување и да манипулираат со другите.“


Фактори кои можат да влијаат на појавата на нарцисоидно растројство:

• Насилни ситуации и трауми од детството;

• Растење во домаќинство каде што акцентот бил ставен на статус или постигнување;

• Премногу заштитничко или немарно родителство;

• Генетика.

Како се однесуваат прикриените нарциси во љубовните односи?

Во врските, прикриениот нарцис ќе сака да ги повлече конците, без оглед дали е свесен за тоа или не.

„Склоностите на прикриениот нарцис кој е фокусиран само на себеси, се такви, што тие често ги отфрлаат или игнорираат потребите на партнерот. „Иако често е интелигентен и способен за успех во надворешниот свет, недостатокот на капацитет на прикриениот нарцис за личен увид го отежнува саморастот и развојот на односите.


1. Имаат потреба од восхит и валидација на сопствената вредност

Според експертите, тајните нарциси се дефинираат според нивната потреба за надворешна валидација и восхит.

„Наместо експлицитно да се фалат со нивната самобитност, латентниот нарцис и понатаму ќе продолжи да бара потврда, восхит и комплименти така што ќе ги минимизираат своите достигнувања“, вели Рибарски.

2. Не сакаат да преземат одговорност

Кога ќе дојде време да се извинат или признаат нешто, веројатно нема да го добиете посакуваниот одговор од прикриениот нарцис. „Тие луѓе генерално се неспособни за каење, преземање одговорност и вистинска емпатија; тоа предизвикува постојана дисхармонија и неповрзаност во односите“, наведуваат експертите.


3. Се однесуваат пасивно-агресивно

Познато е дека латентните нарциси се потпираат на пасивно-агресивно однесување, согласни се експертите.

„На пример, тие можат да ги обвинат блиските луѓе затоа што не поминуваат повеќе време со нив или ќе бараат валидација од другите на начин што ќе се понижуваат, очекувајќи другите да ги истакнат нивните предности. „Прикриените нарциси често се склони кон пасивно-агресивното однесување како би ги задоволиле своите потреби“, наведуваат експертите, пренесува сајтот „Best life“.




Спонзорирани линкови

Маркетинг