Ја избричил до гола глава затоа што го изневерила: Потоа за казна ѝ ги избричил и веѓите

Точка

15/12/2016

15:53

9.357

Големина на фонт

а а а

Еден гангстер од Бразил објавил видео на кое ја стрижи до гола глава својата девојка за да ја казни бидејќи го изневерила.

Таа била принудена да клекне додека човекот со машинка ја бричел нејзината глава.

Во позадина се слушаат други луѓе кои се смеат, додека преплашената девојка очигледно ја прифатила својата судбина. Откако завршил со косата, мажот ѝ наредил на девојката да ги избричи и веѓите.



На крајот се гледа дека во раката фатил коса и ѝ ја ставал на главата на девојката како перика.

Уште еден член на бандата - кој ги извршувал наредбите - ѝ подал мобилен телефон и ѝ наредил да разговара со човекот кој бил нејзин љубовник.

Локалните експерти велат дека овој вид на казна е често застапен во картелите ширум Бразил и јавно ги засрамува оние кои ги прекршиле правилата.


Спонзорирани линкови

Маркетинг