Ѕвезда на Рома: Меси е само петти најдобар напаѓач со кој сум се соочил

Дерби

10/10/2016

22:00

5.940

Големина на фонт

а а а

Аргентински ас, Лионел Меси важи за еден од најголемите играчи во историјата на фудбалот, но не котира многу високо на листата на најдобри напаѓачи на една од сегашните ѕвезди на калчолигашот, Рома.

Станува збор за стоперот, Костас Манолас кој во својата досегашна кариера се има соочено со голем број на играчи, но не е многу импресиониран од десетката на Барселона.

-Тој не е баш класичен напаѓач, па дирекно го немам маркирано, па и затоа ќе го ставам на петтото место на мојата листа. Меѓутоа тој секогаш знае да го повлече правиот потег, без разлика дали е шут или додавање до соиграчите. Секогаш го наоѓа најдобриот начин.

Ибра е сила на природата, практично не можеш да го чуваш за време на натпреварите зошто физични е неверојатен.

Се соочив со Суарез во ЛШ против Барселона. Тој секогаш сака да дава голови и го бара голот. Убинствен е пред гол.

Бензема е исто тежок противник, комплетен е зошто физички е силен, а и технички поткован. Кога тие две работи се на високо ниво не е лесно за дефанзивците да најдат одговор.

Роналдо пак е феномен, има се-дриблинг, знае каде е голот, физички е моќен. За време на минатогодишниот дуел имаше две шанси дома и на гости и ги искористи, безмилосен е, -вели Манолос.



Спонзорирани линкови

Маркетинг