Алармантно предупредување: За 20 години морињата ќе останат без риба!

Точка

11/11/2014

10:40

4.665

Големина на фонт

а а а

Претераниот лов буквално ја уништил популацијата на морските видови, па рибарите мораат да ги фрлаат своите мрежи подлабоко - до 2.000 метри во длабочина.

Видео анимацијата на која се гледа како бродови долги 240 метри, за разлика од традиционалните бродови долги од 20 до 30 метри, ги фрлаат мрежите сè подлабоко во океаните и притоа ги исцрпуваат резервите до драстични мерки, објавува AFP.

На своите бродови можат да пренесат 14.000 тони риба, а за само 20 минути од водата ловат неверојатни 60 тони. На анимацијата е прикажано како опремени со челични плочи, нивните мрежи го влечат дното на океанот и ѝ штетат на околината.

Научниците предупредуваат дека ловењето на риба од дното на океанот, во наредните 20 години може да предизвика океанот да остане без "резерви".

Тие објаснуваат дека животот во длабочините се одвива побавно отколку горе, рибите живеат подолго и поради тоа имаат понизок степен на раст и сексуална зрелост.

На пример, рибата од видот "hoplostet", која живее на длабочина до 1.800 метри, позната по благиот вкус, зрелоста ја достигнува по 30 години, а може да живее 140.

Туната со плави перки е откриена на 900 метри под површината, а зрелоста ја достигнува по четири години.

Не се само рибите под закана, велат научниците, туку и биолошката разновидност во целина, со оглед на тоа дека рибарите извлекуваат од дното сè што ќе им се најде на патот.



Спонзорирани линкови

Маркетинг